Почетна |
|
|
Гости на сајтот |
Total online: 1 Guests: 1 Users: 0 |
|
Логирање |
|
|
|
ЕКОЛОШКА ХИМНА
Секое дете,кога зора ќе заруди треба гулаб или гугутка да го разбудии да здогледа драги, насмеани лица да храни барем десетина птици и да сретне, пред и по јадење,сито дваесетина брези, липи или елка вита. Така со малку добра желба таа младост ке расте во нежност и со радост.
Секоја жена во животот треба да одгледа и по некое бебе. Сите жени, ако е можно сега треба да имаат бавча на своите лица со невенче, роза или љубичица. Така нејзе, со малку повеќе мечти деновите ќе и бидат како бавчи цветни.
Секој човек, треба како прво за секое дете да засади дрво. Секој човек, може, ако сака прошка да калеми и негува по некоја овошка и да има што повеќе другари дрвја листопадни или четинари. Така нему, по ширните друмја ќе му шумоли овоштарник или шума.
|
|
Search |
|
|
Страната ја изготви: НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА
|