Зелена плочка - Вода

Logged in as Guest
Group "Guests"Welcome Guest
RSS
EKO PLOCKA




Почетна

Гости на сајтот

Total online: 0
Guests: 0
Users: 0

Логирање





   Е


   К


   О



   П


   Л


   О


   Ч


   К


   А

ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА

Водата е најзначајната компонента на животот. 75 % од телото на еден здрав човек се состои од вода, додека над 70-проценти од површината на земјата се покриени со океани и мориња.

Водата е живот.

Оваа вистина се појавува пред нас во текот на целиот наш живот, постојано и на многу драстични и уверливи начини. Меѓутоа, ние многупати несовесно го продолжуваме нашиот живот.

Во нашите напори за сфаќање на значењето на водата и за разбирање и појаснување на вистината за тоа дека е извор на животот, денеска пред се ќе ви доставиме податоци во врска со човечкото здравје.

Водата е најзначајната компонента на органите, ткивата и зглобовите во човечкото тело. 75 % од телото на еден здрав човек се состои од вода. Распределбата на водата во нашето тело на многу појасен начин го изнесува и нејзиното значење: 85 % од мозокот, 90 % од крвта, 75 % од мускулите, 82 % од бубрезите и 22 % од коските се состои од вода. Едно возрасно лице со потење, мокрача - уреа и дишење дневно губи по близу 2, 5 литри вода. Експерти велат дека за надоместок на дневното губење на вода во телото, еден возрасен човек дневно треба да испие 6 до 8 чаши вода. Тогаш кога не се конзумира доволна количина на течности, клетките се снабдуваат со течности односно вода од крвта; кај човечкото тело кое што се соочува со потреба, односно недостаток од вода бубрезите не функционираат нормално. Во оваа состојба функцијата на бубрезите ја преземаат црниот дроб и останатите органи. Кај телото кое што не конзумира доволно вода, покрај пред малку наведените проблеми се појавуваат и здравствени проблеми како што се тврда столица, сушење и чешање на кожата, акни - мозолчиња, крварење од носот, инфекција на мочните канали, кашлица, настинка, синузит и главоболка. Експерти по здравство ги истражувале здравствените проблеми предизвикани од губење на вода во телото и притоа добиле шематски приказ изразено во проценти.


Во овој шематски приказ, изразено процентуално на следниот начин се истакнуваат можните резултати од губењето на вода:

- Кога ќе изгубиме 1-отсто вода од нашата тежина, се појавува чувство на жед, се пореметува нашата телесна температурата и ни се намалува перформансот.

- Губењето на 2 % вода од нашата тежина, станува причина за зголемување на нашата телесна температура и чувството на жед.

- Губењето на 3 % вода, во значителна мера ја пореметува нашата телесна тежина и предизвикува чувство на прекумерна жед.

- 4 % доведува до намалување на капацитетот на физичките перформанси од 20 до 30 %

- 5 % главоболка и замор,

- 6 % исцрпеност-истоштеност и тресење-треперење,

- 7 % бесвестица,

- 10 % губење на свеста,

- 11 % појава на можна смрт,

- Кога ќе изгубиме 12 % вода од нашата телесна тежина пак, експерти истакнуваат дека оваа состојба сигурно резултира со настапување на смрт.

Да повториме дека овие доставени податоци важат само за луѓето, а не за сите живи суштества. На пример, камилите како пустински животни дури и кога процентот на губење вода во нивното тело ќе достигне до 40 % можат да се одржат во живот.

Најпрвин говоревме за значењето на водата за човечкиот живот и за врската на човечкото тело со водата, додека во продолжение би сакале да ви доставиме некои бројки, а за да би ви ја изнеле врската на светот со водата. Над 70 % од површината на земјата се покриени со океани и мориња. Познатиот писател на фантастични романи Артур Кларк поаѓајќи од оваа вистина кога говори за светот застанува во одбрана на тоа дека не треба да се нарекува „земјина површина", туку „океан".

Научниците барале одговор и на прашањето: Од каде е дојдена толку многу вода ?"

Постојат научни податоци и дискусии исполнети со искомплицирани и долги подробности кои што се протегаат од процесот на создавање на светот до денеска. Но пред овие дискусии би можеле да кажеме дека 97 % од водата во светот се состојат од солена вода што ја има во океаните и морињата. ¾  од слатката вода се наоѓаат на ледниците на половите. ¼ од слатката вода се наоѓа под земјата, во реките и езерата. Сега да истакнеме една подрастична вистина:

-      Делот од слатката вода од 3 % што може да се пие, односно е како што ја нарекуваме питка вода, изнесува само 1%. Односно од 3.334 чаши вода само една чаша вода е питка, односно може да се пие.

Да продолжиме со доставување на негатативни податоци од кои што ќе бидете вознемирени или во најмала рака нема да ви се допадне да ги слушнете. Секако дека немаме за цел да ве вознемириме, меѓутоа секој треба да го сфати значењето на оваа состојба пред да биде доцна и секој да почне да прави нешто ако треба нешто да се направи.

- Просечната потрошувачка на вода по лице во светот изнесува близу 800 кубни метри вода.

- Во последните сто години бројот на населението во светот се зголеми за два пати, а потрошувачката на вода за шест пати.

- 40 % од наслението во светот се соочува со недостаток од вода.

- Од болестите предизвикани од загадените води секоја година умираат по две милијарди 200 милиони лица, а на секои 8 секунди умира по едно бебе.

- Поголемиот дел од луѓето кои стануваат жртви на загадените води живеат во земјите во развој. 1 милијарда и 200 милиони луѓе не можат да најдат чиста вода за пиење.

- Една третина од светското население нема објекти за прочистување на водата.

- 70 % од индустриските отпадоци и 90-отсто од канализационите води во земјите во развој се мешаат директно со изворите со вода, односно интензивно се загадуваат чистите води. Секој ден просечно по два милиони тони отпадоци се фрлаат во реките и езерата; 1 литар отпадна вода, загадува 8 литри чиста вода.

- 70 % од земјоделските површини во светот се наоѓаат под опасност да се претворат во пустина.

Различни извори даваат различни податоци во однос на распределбата на вкупната потрошувачка на вода во светот според сектори. Меѓутоа, просечните податоци гласат вака: Близу 70 % од потрошувачката на вода се користат за наводнување во земјоделскиот сектор, 22 % за индустрија и 8 % за пиење и потрошувачка. Распределбата на користењето на вода во Европа според сектори пак, е вака: 33 % за наводнување, 51 % за индустрија и 16 % за пиење и потрошувачка.

Водата можеби е најдрагоцениот извор со кој што располагаме денеска. Нафтата и златото како материи кои што доаѓаат најпрвин на ум и без кои на изглед не се може, немаат никакво значење без да ја има водата.

 

ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Во зависност од големината на човечкото тело, истото се состои од 55% до 78% од вода. За да функционира правилно, на телото му се потребни меѓу еден и седум литри вода дневно за да се избегне дехидрација. Точното количество зависи од степенот на активност, температурата, влажноста, но и други фактори. Поголемиот дел од ова се внесува преку храна или пијалоци, наместо пиење чиста вода. Не е јасно колку вода е потребно да се внесе од страна на здрави луѓе, иако повеќето се согласуваат дека 6 до 7 чаши вода (отприлика 2 литри) денвно, најмалку е потребо за да се одржи соодветна хидрација. Медицинската литература претпочита помало внесување, обично 1 литар вода за просечен маж, исклучувајќи ги дополнитлните потреби кои се резултат на губитокот на течности заради вежбање или топло време. За тие што имаат здрави бубрези, тешко е да се исие премногу вода, но опасно е да не се испие доволно. Луѓето можат да испијат повеќе вода од потребното за време на вежбање што ги доведува до ризик од труење од вода (хиперхидрација), што може да биде смртоносна. Фактот дека еден човек треба да испие 8 чаши вода дневно не може да се препише на ниту еден научен извор.] Постојат и други митови, како на пример влијанието на водата за спречување на дебелеењето.


Водата од телото се лачи на повеќе начини: преку урина и фецес, преку потење и преку издишување на водни испарувања во здивот. Со физичко исцрпување и изложување на топлина, губитоот на вода ќе се зголеми и дневните потреби за вода исто така ќе се зголемат. На луѓето им е потребна вода која не содржи премногу нечистотии. Чести нечистотии се металните соли и оксидите (вклучуајќи бакар, железо, калциум и олово) и/или штетни бактерии како на пример бактериата Vibrio. Некои раствори се прифатливи и дури пожелни за подобрување на вкусот и за добивањена неопходните електролити. Најголемиот извор на вода погодна за пиење е Бајкалското езеро, кое содржи многу малку сол и калциум и затоа и се смета за многу чисто.

ВОДА ЗА ПОЗДРАВ ЖИВОТ

Водата е од суштинско значење за здравјето на човекот. Но, на прашањето колку вода треба да се пие дневно е тешко да се даде одговор. Тоа е така, бидејќи одговорот зависи од многу фактори, како на пример каде живеете, на која возраст сте, колку сте активни во текот на денот и слично.

Општо земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.

Консумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.

Сепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.














Анкетен лист

Тема: Штедење на вода

1.дали притисокот од чешмите и казанчињата во училиштето е прилагоден?

ДА            НЕ

2.дали во училиштето има здрава вода за пиење?

ДА            НЕ

3.Дали луќето, животноте и растенијата би можеле да живеат без вода?

ДА            НЕ

4.Дали штедиш вода? Доколку го правиш тоа објасни ги начините?



Search

Пријатели
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits



  • Страната ја изготви:
    НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА