Logged in as Guest
Group "Guests"Welcome Guest
RSS
EKO PLOCKA




Почетна

Гости на сајтот

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Логирање





   Е


   К


   О



   П


   Л


   О


   Ч


   К


   А

ЗДРАВА ХРАНА

Правилната  исхрана е многу важна за здрав раст и развој. Ако навиката за здрава исхрана ја започнеме уште од најранавозраст, неа ќе ја практикуваме во текот на целиот живот. Доколку се занимаваме со спорт, на нашиот организам му се потребни околу 2 800 калории. Се разбира, ова не значи дека треба да ги броиме калориите на се што ќе изедеме, туку треба да внимаваме да се храниме здраво. Правилната исхрана е  многу важна за секој човек, а особено за тинејџерите и за нивниот правилен раст и развој.

   Но, дали и колку твоето друштво влијае на она што секојдневно  го внесуваш во организмот? Еве ти мала помош околу тоа како да го надминеш проблемот со влијанието на средината врз начинот на исхраната. На голем одмор седнуваш да јадеш со твоето друштво.Некои земаат само неколку парчиња јаболко, а ти јадеш  хамбургер со многу компири. Чувствуваш дека, од сите,  само ти јадеш толку многу. Одеднаш го оставаш хамбургерот настрана и земаш грицки. Може да земам и

 ваков пример, ти реши денес да јадеш само овошје и зеленчук, а сите околу тебе јадат тостови, па на крај и ти им се придружуваш.Овде се поставува прашањето дали треба околината да влијае на она што го јадеш? Се прашуваш што има лошо во тоа да ги јадеш истите работи што ги јадат и твоите врсници? Навистина нема ништо лошо, но ако тоа е во нормални граници. Истовремено, доволно е еден во друштвото нездраво да се храни и сите да потпаднат под негово влијание.Како и прекумерната исхрана, така и изгладнувањето може да предизвика голем број

несакани последици. Поголем број тинејџери го намалуваат јадењето со изговор : Ќе се хранам здраво, но тоа ,,здраво јадењe‘‘ подоцна прераснува во проблем. Се започнува како опасна диета, а завршува со нарушување на начинот на исхрана. Според психолозите и експертите, голема е веројатниста секој втор тинејџер да потпадне под влијание  на своите врсници. Се разбира постои голема разлика од случајното прескокнување на еден оброк во денот заради обврски, до намерно нејадење. Многу е опасно  доколку постојано се случува прескокнувањето оброци.

 Ако некој во твоето друштво има нарушување на начинот на исхраната, внимавај тоа да не влијае врз тебе. Обиди се да му помогнеш, а не да му се придружиш.


 










Изготвила:

Ема Кузмановска


Search

Пријатели
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits



  • Страната ја изготви:
    НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА