Зелена плочка - Почетна

Logged in as Guest
Group "Guests"Welcome Guest
RSS
EKO PLOCKA




Почетна

Гости на сајтот

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Логирање





   Е


   К


   О



   П


   Л


   О


   Ч


   К


   А

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ДРАГИ ГОСТИ НА НАШАТА ЗЕЛЕНА СТРАНА!


   Од неодамна нашето училиште „Гоце Делчев" го доби највисокото признание ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ за релизација на многубројни еколошки активност и проекти, кои континуирано  и успешно се реализираа во подолг период од неколку изминати години.
Главен координатор и организатор на сите активности e одделенската наставничка Тајна Тренкоска во заедничка соработка со наставници, родители, ученици и локалната самоуправа.
            Наградата што ја добивме се доделува во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" за проектите „Како до поубав училишен двор" и „Убав изглед на училишната зграда".
          Веќе сме зелено еко училиште, тоа може да го забележите и однадвор кога само поминувате покрај нашето училиште, покрај развиореното прекрасно државно знаме, сега него го краси и се вее зеленото знаме.
          Горди и среќни на нашите резултати од тимската работа, креативност и истрајност, не застануваме тука, постојано се трудиме да учествуваме на натпревари и конкурси со еко содржина.

        Кон крајот на месец август  бевме  учесници на семинарот „ЗЕЛЕН ПАКЕТ ЈУНИОР" на кој се запознавме со безброј продуктивни еко содржини (игри,дневни подготовки, квизови,еко приказнии др.)кои се многу корисни за подигање на екосвеста кај сите нас од наставници, родители и ученици. Пакетот е поделен на 12 теми од областа на екологијата и тоа:

*ПОВРЗАНОСТ                                *ПРИРОДНИ БОГАТСТВА                    
*ВОЗДУХ                                          *НАСЕЛЕНИЕ
*ВОДА                                               *ПОРТОШУВАЧКА И ОТПАД
*ПОЧВА                                            *ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ И ЖИВОТНА СРЕДИНА
*ЕНЕРГИЈА                                      *ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ                             
*БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ   *КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
 

       Целта на овој пакет е да придонесе поголема инволвираност на учениците за запознавање со принципите на одржливиот развој на многу интересен, забавен и креативен начин.

    

         Сега, би сакала да Ве запознаам со тимот „Вредни рачиња" (ЕМА, АНГЕЛ, ИСКРА, АНГЕЛА и САНДРА) земаа учество на конкурсот за „Релјефна уметност"- награден конурс за еко камп, во изминатите месец дена напорно и истрајно работеа на нивното уметничко дело од природни материјали, воедно  истражуваа на еко теми.
Нивната еко порака ја пренесуваат до сите љубители на природата.

ИГРАТА Е ЛЕСНА ВО ЧИСТА ПРИРОДА СÉ Е КАКО ПЕСНА












НАШЕТО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ИЗГОТВЕНО СО ПРИРОДНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД ЕМА КУЗМАНОВСКА, ИСКРА МОМИРОВСКА АНЃЕЛ СТЕФАНОВСКИ, АНГЕЛА ТРПЕСКА И САНДРА ИЛИЕВСКА ПОД РАКОВОДСТВО НА НАСТАВНИЧКИТЕ НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА И ТАЈНА ТРЕНКОСКА







Search

Пријатели
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits



  • Страната ја изготви:
    НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА