Зелена плочка - Отпад

Logged in as Guest
Group "Guests"Welcome Guest
RSS
EKO PLOCKA




Почетна

Гости на сајтот

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Логирање





   Е


   К


   О



   П


   Л


   О


   Ч


   К


   А


 Отпад

Количествата отпад што секојдневно се зголемуваат, притисокот што го врши тој врз животната средина, како и неповратната загуба на вредни ресурси и енергија при процесите на негово депонирање или горење, изведени соодветно или не, ја наметнуваат потребата од воведување одржливи начини на управување со него.

Одржливите начини на управување со отпадот (минимизирање на создавање на отпад, реупотреба на производите и рециклирање) придонесуваат кон намалено создавање отпад, намалено трошење на природните ресурси (материјални и енергетски), како и кон обезбедување кружење на материјата и енергијата во природата. Наспроти ова, со неодржливите начини на управување со отпадот (депонирање и инсинерација), материјалите содржани во него, како и енергијата употребена за негово создавање, неповратно се губат, а дополнително се создаваат токсични материи кои ја оптоваруваат животната средина.

Еко-свест на полето на отпадот ги промовира превенцијата, минимизирањето, повторната употреба и рециклирањето како мерки за намалување на отпадот преку кампањи и проекти за домаќинствата и потрошувачите.


Каде оди нашиот отпад?

Што се случува со одпадот од корпата со зелен капак?

Содржината во корпата со зелен капак се носи во објектот за рециклирање (РРФ) и од неа се прави компост. Содржината од одпадот која неможе да се компостира се испраќа во депонија.

Што се сулчува со одпадот од корпата со жолт капак?

Содржината од корпите со жолт капак (предмети кои се рециклираат како што се хартија, конзерви, стакло, пластични предмети  и слично) се носи до објектот за рециклирање. Секој предмет е разделен и испратен на рециклирање.

Каде можете да ги однесете поголемите количини на домашен одпад?

Ако имате одпад кој не можете да го ставите во домашната корпа за одпад, можете да го однесете во соодветната станица за рециклирање.

Што да правам со мојот домашен одпад кој е опасен!?

Домашниот одпад кој е опасен, како што се средствата за чистење  на бањата, кујната и слично, потребно е што прбрзо да се тргнат од дофат на мали деца и да не се фрлаат во домашните корпи за одпад.

Корпи за одпадоци

·         КОРПИТЕ ЈА ОДРЖУВААТ ХИГИЕНАТА, НО ТИЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖУВААТ И ЧИСТАТ ЗАТОА ШТО ШИРАТ НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА И СЕ ИЗВОР НА ЗАРАЗА.

·         КОРПИТЕ СЕ ПОСТАВУВААТ ЗАТОА ШТО ИМА НЕСОВЕСНИ ДЕЦА И ФРЛААТ ОДПАДОЦИ НАСЕКАДЕ.

·         ВО СЕКОЈА УЧИЛНИЦА ДА СЕ ПОСТАВАТ КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ !

·         УЧИЛИШТЕТО Е КАКО ВТОР ДОМ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ И ЗАТОА ТРЕБА ДА БИДИ ЧИСТО И УРЕДНО!

·         ЗАРАДИ ТОА ВО СИТЕ УЧИЛНИЦИ И ПО ХОДНИЦИТЕ СЕ ПОСТАВУВААТ КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ.

·         КОРПИТЕ СЛУЖАТ ЗА СЕКОЈ И ГИ КОРИСТАТ СИТЕ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО.

Search

Пријатели
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits



  • Страната ја изготви:
    НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА