БИОДИВЕРЗИТЕТ
Биодиверзитет или (биолошка разновидност) ги претставува сите гени, видови и еко системи на Земјата. Поедноставно кажано, биолошка разновидност е се окулу нас и ние сме дел од неа. Постојат три главни елементи и тоа:
-Различни видови кои живеат на Земјата тоа се: животните, растенијата, алги, бактерии, па и вируси;
-Разлики помеѓу исти видови- нивната големина, боја, облик;
-Различни екосистеми- пр. океани, шуми, корални гребени и видовите кои живеат во нив и нивната интеракција.
Денес несовесниот човекот стана најголемиот непријател на неговиот единствен дом, планетата Земја. Постојано, го загадува воздухот, водата, шумите, преголемото искористување на шумите, земјиште итн. За жал, заборавивме што всушност природата ни дава. Во оваа ера на индустријата, размислуваме дека природата се што ни дава е нешто бесплатно и вечно. Но тоа веќе ни се одразува со појавата на озонски дупки, топењето на големи санти мраз, т.с глобалното затоплување, изумирање на повеќе животински и растителни видови. Затоа треба да се запрашаме сите како и на кој начин да си помогнеме себе си и на идните генерации. Да превземеме акции и да дејствуваме во училиштата, домовите, насекаде каде и да се наоѓаме. Планетата е една и единствена за нас сите.
Како ќе дејствуваме?
-Да се вклучиме во некое еколошко друштво
-Да формираме еко секции во училиштата со еко одбори
-Да одгледуваме органска храна без пестициди и вештачки ѓубрива
-Да користиме производи кои можат да се рециклираат
-Да користиме еден лаптоп и мобилен телефон што е можно подолго
-Да конзумираме повеќе растителна храна од животинска
-Да користиме еко прашак за перење без фосфат
- Да избегнуваме да го чистиме нашиот дом со разновидни средства за чистење туку со оцет и содабикарбона
- Да користиме еко-козметика (чистење на кожата со камилица или боровница, пилинг со пченкарно брашно, негување на кожата со сончогледово масло или маслиново масло итн.)