Logged in as Guest
Group "Guests"Welcome Guest
RSS
EKO PLOCKA




Почетна

Гости на сајтот

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Логирање





   Е


   К


   О



   П


   Л


   О


   Ч


   К


   А

Со велосипед низ целиот свет



Велосипедот како превозно средство во светот

Велосипедизмот постанува начин на живот, а особено во скандинавските земји. Во Холандија и Данска велосипедизмот е премногу популарен, а причината лежи во високата еко свест кај луѓето од овие земји, високите даноци за автомобили, постојаното зголемување на цената на нафтата како и поради одлично уредените велосипедски патеки ширум државата. Денес, во Западна Европа, возење велосипед е многу популарен спорт. Секоја година бурно е следен особено на неколку од највлијателните трки ширум светот.Најпознати од нив се Тур де Франс, Џиро ди Италија, Париз-Рубе, Вуелта. Тур де Франс важи за еден од најголемите трофеи, па дури поголем и од едно значајно Светското првенство. На Тур де Франс секогаш има најголемата концентрација на тимови, каде постојано се присутни најдобрите велосипедисти од светот.Џиро ди Италија е исто така од огромно значање, но веднаш по Тур де Франс. Во должина оваа тура е пократка и има помала етапа. За професионалните екипи Џиро ди Италија е една врста на припреми пред големиот судир на Тур де Франс. Но, често се случува фаворитите на Тур де Франс да не возат на Џиро ди Италија.

Поради релативната ефтина цена за производство и се поголемата достапоност до потрошувачите, велосипедите се едно од нараспространети превозни средства низ целиот свет. Се претпоставува дека денеска во светот постојат преку милијарда велосипеди.Велосипедите се крајно подобра солуција во споредба со други конвенционални превозни средства (како на пример, автомобил) бидејќи се далеку помалку опасни за загадување на животната средина, а исто така имаат многу позитивно влијание врз здравјето на луѓето кои ги користат секојдневно.Многу градови почнуваат да се грижат за велосипедистите на различни начини со цел да го олесни возењето: градење на одделни велосипедски патеки, специјални простор за оставање на велосипеди, нови делови во градот во кои може да се стигне единствено со велосипед или пеш итн.

Затоа, не чекајте и превземете нешто за подобро утре. И оваа година се одржува македонската ’Тур де Франс’ наречена ’Маврово тура’ што преставува голем поттик за сите оние кои се грижат за почиста и поздрава околина. Нека ’ Маврово тура’ ни биде првиот чекор кон подигањето на нашата еко-свест и за тоа кои се благодетите за нашето здравје користејќи го велосипедот. Едноставно заштити ја околината возејќи се на две тркала.




Search

Пријатели
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits



  • Страната ја изготви:
    НЕЛА СЛЕЗЕНКОВА НИКОВСКА