Мали и големи
Ајде, малку да излеземе во природа да го почуствуваме мирисот на
разнобојните цвеќиња, мелозвучната песна на птиците, прекрасното небо и
сè околу нас што не опкружува, да бидеми големи и мали истражувачи, да
го поттикнеме окото за убавина. Природата
е една голема уметничка, која постојано се менува низ годишните
времиња, на нас ни остава да перцепираме, истражуваме и чуваме сè што
создала. Обидете
се, да бидете уметници и да изготвите ваше уметничко дело од природни
материјали, воедно да истражувате за нив. Може да користите различни
видови на цветови, гранки, школки, каменчиња, шишарки, песок,листови од
дрвја и други природни материја што ќе ги најдете во вашата
околина.Потоа, нека се разбуди вашата имагинација и креативност за
уметничко изразување. Подетално
информирајте се за поимот релјефната уметност од тимот на програмата
„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" |